ЦУК преку регионалниот центар во Крушево известува дека исчезнатото лице во Крушевско, денеска (25.12.2022 година), се уште не е пронајдено. Потрагата трае во континуитет од самото пријавување во МВР од 22.12.2022 година и продолжува. Се пребаруваат сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места.
И денеска при потрагата, екипи од МВР, членови на семејството и граѓани доброволци во вечерните часови ги пребаруваат градот, населените места (колиби, напуштени куќи, штали) и слични места.
Во текот на утрешниот ден од 09:00 часот ќе се продолжи со потрагата кон шумските појаси. Екипите од МВР, ДЗС и Армијата се повлекоа во 17:30 часот. ЦУК преку регионалниот центар во Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.