И ЧЛЕНСТВОТО НА СДСМ – ПРИЛЕП, СЕ СРАМИ ОД СРАМОТ ! ! !

333

Ако целта е да се уништиме себе си, да го уништиме она што никогаш сме го немале, односно да уништуваме тоа што макотрпно се градеше во Прилеп изминатите 10 години, патот е овој, кофи со боја, и агресивно изразување на револт.

Шаренилото на револуцијата не донесе нови идеи, не донесе програма за развој на градот, не донесе ниту нереални ветувања како во минатото.

Единствено нешто што се случува во Прилеп во изминатиот период се осуди на ваквото дивеење, зачуденост и револт од сите категории на граѓани.

222

Самите членови на СДСМ во Прилеп се срамат од ваквите постапки. Ако се согледа тоа дека гласачкото тело на СДСМ во Прилеп брои од 18 – 20.000 гласачи на изминатите изборни циклуси, а на вандалските чинови се присутни само 200-300 луѓе, не е ни чудно што нервозата расте и се изразува на ваков начин.

До нас секојдневно доаѓаат реакции на граѓани, со различни занимања и од различни свери на општественото живеење.

Најгласни во своите осуди се пензионерите, студентите, средношколците, кои не можат да го користат градскиот превоз поради блокадите. На мака се и вработените во комуналните претпријатија Водовод и Комуналец, кои со крајни маки мораат секојдневно да го чистат ваквиот хаос. И секако први на удар се припадниците на полицијата, кои  ни криви ни должни мораат да го трпат понижувањето и постојаното валкање со боја на нивните работни униформи.

1

Едно е сосема сигурно, на ваков начин нема да и се помогне на државата, на ваков начин не се гради општествен консензус и подобро општество. На ваков начин СДСМ создава само една агонија и тортура врз населението, и гради привидна илузија дека работите ќе тргнат кон нешто подобро.

2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.