И утрово апсење во прилепската болница – 20-тина лица, меѓу нив 8 вработени во болницата

Финансиска полиција во утринските часови уапси 20 тина лица од Прилеп меѓу кои 8 вработени од Општата Болница Прилеп на нивните работни места во врска со злоупотребите со тендерите, дознава Курир.

По наредба на Јавното обвинителство, Финансиската полиција влезе во прилепската болница. Се преземаат дејствија за наводи против повеќе лица за злоупотреби.

Според информациите, приведени се повеќе лица поврзани со сомнежи за сторен криминал, со тендери во работењето на здравствената установа.

Истрага и за раководни лица, поради злоупотреби со јавни набавки, во вредност од 800-ни илјади евра.

Во април прилепското обвинителство постапуваше во предистражна постапка поради сомневања за кривично дело, злоупотреба на службена положба и овластување. Тогаш беше извршен претрес на осум локации, а дејствија преземаше и Управата за финансиска полиција.

Детали за акцијата од Обвинителството најавија во текот на денот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.