И тој рекорд го турнавме: Во Прилеп синоќа фатен возач со 4,55 промили алкохол

Во текот на изминатата вечер (19/20.08.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 58 возачи од кои 29 во Прилеп, 13 во Битола, 6 во Крушево , 5 во Македонски Брод, 3 во Ресен и 2 во Демир Хисар.

Во Прилеп е санкциониран и возач кај кого се измерени 4,55 промили алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 42 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.