На 29.10.2019 околу 17.30 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на пругата Прилеп – Битола, во близина на стојалиштето „Новоселани“ битолско, при што биле опожарени прагови од пругата.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола и од вработени во Македонски железници – информираат во полицискиот билтен на МВР.