И тоа се кpaде во Македонија: Непознати лица yкpaле 240 тони пченица

Од 200 до 240 тони пченица биле yкpaдени од парцели во сопственост на ЗК Пелагонија.

-Завчера во 14.00 часот во СВР Битола, Д.К.(48) од Битола приjaвил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост на ЗК Пелагонија, во атарот на работна единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кpaжба на 200 до 240 тони пченица.

Според приjaвеното, на тој начин била причинета материјална штета од околу 50.000 евра, информираат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.