65-годишен дедо од Кина ја шокираше нацијата откако беше објавено дека ја киднапирал сопствената внука и побарал откуп од 70.000 долари од својата ќерка!
Бизарната приказна, која шокираше и збесна милиони Кинези, започна кога дедото по име Јуан, отишол да ја земе својата млада внука од училиште. Само наместо да ја однесе дома кај родителите, 65-годишниот дедо и се јавил на мајката на девојчето, неговата сопствена ќерка, за да и каже дека треба да му плати половина милион јуани доколку сака повторно да го види своето девојче!