“И СДСМ почна да се срами од придавката Северна?”

Иако нивниот лидер, министрите, пратениците и функционерите во секоја прилика се служат со новото државно име и постојано го потенцираат, тоа за жените на СДСМ во Прилеп очигледно не важи.

Имено, Форумот на жени при ОО СДСМ Прилеп во пресрет на празниците организирале хуманитарна акција за собирање на топла облека, обувки, покривки, постелнина на социјално загрозените семејства и наши сограѓани на кои им е тоа најпотребно во овие зимски денови.

Па еве што напишаа:

“Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвениот крст на Република Македонија денеска ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце”.

Акцијата истовремено се одвиваше во сите градови на Македонија во организација на општинските форуми на жени на партијата.

Целта на акцијата беше да се обезбеди топла облека, обувки, покривки, постелнина на социјално загрозените семејства и наши сограѓани на кои им е тоа најпотребно во овие зимски денови. Форумот на жени од СДСМ Прилеп и оваа година ја покажа својата солидарност и хуманост.Хуманитарните активности ќе продолжат и деновиве со хуманитарна помош на оние на кои им е потребна. Благодарност до сите што помогнаа во реализирањето на нашата активност”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.