И преку “големата бара” на Копа Америка, прилепчани навиваа со државното знаме – ФОТО

13472124_10208131896629579_1809844293_n

На синоќешниот натпревар помеѓу Аргентина и Венецуела од четвртфиналето на Копа Америка, прилепчаните Дарко Исајлоски и Асенчо Мотески, со големо, развиорено, македонско знаме, гордо навиваа на огромниот стадион во Фоксбороу, Масаџусетс во САД.

Македончето колку да е далеку од својата татковина, дури и преку “големата бара”, во срцето ја носи својата Македонија.

Убавината на црвено-жолтата боја е бесценета, каде и да се појави. Само со гордо развиорено македонско знаме го задржуваме сопствениот идентитет каде и да сме.

Секоја чест момци !

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.