Ако некој мислеше дека вчера беше постигната кулминација и дека од денес прилепчани нема да ги има во толкав број на улиците, се излага. Како што беше вчера за време на посетата на Еврокомесарот Јоханес Хан во Македонија, така и денес после неговото заминување, ечеше под Маркови Кули.
“Не за платформата од Тирана” грмеа прилепчани, а жестоки пораки беа упатени и до раководството на СДСМ и Зоран Заев, за прифаќањето на условите во албанската платформа.
“Нема откажување, ќе не гледате и цела година ако треба”, порачаа илјадници граѓани на Прилеп и вечерва, кои застанаа во одбрана на националните и државаните интереси.
Стравот дека може да се загуби државата, тука е најголем, па затоа прилепчани тврдокорно застануваат на браникот на одбрана на државата и заштита на националните обележја.
Пред граѓаните вечерва говореа неколкумина патриоти кои дополнителни ги разгореаа емоциите.