И по 48 часа од кандидатурата, конкурентите не му честитаа на Јованоски?

Aктуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски, пред два дена на ФБ се заблагодари на сопартијците за поддршката која ја добил за втор мандат.

-После завршувањето на внатрепартиската постапка за предлагање кандидати за градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ, сакам да ви се заблагодарам на искажаната поддршка за мојата кандидатура за претстојните локални избори. За мене и за мојот тим, вашата поддршка е мотив повеќе за постигнување уште подобри резултати и реализација на уште повеќе проекти. Убеден сум дека заедно со вас ќе оствариме нова победа за СДСМ, нови успеси за граѓаните на општина Прилеп – напиша Јованоски.

Засега нема никакво официјално соопштение од неговата партија, но изостанаа и честитките од првите луѓе, кои според членството му беа конкуренти на Јованоски за градоначалничката трка.

Во последната објава на ФБ, директор на Царинската управа, Горан Сугарески, информира за негово присуство на мини митинг.

А истата објава е и на профилот од пратеникот Миле Талевски…

Останува нејасно, дали Јованоски ја добил поддршката од членството, а изостанува поддршката од првите луѓе на партијата во Прилеп?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.