Прилепчани ја покажаа својата хуманост на дело. И покрај поројниот дожд вчера, голем број вљубеници на фудбалот го слушнаа повикот на клубот, и купија карти за натпреварот од 22. коло помеѓу Победа и Башкими.
Целта беше да се продадат што повеќе влезници, а со тоа и да се соберат што повеќе средства за семејствата на повредените и настраданите во кочанската трагедија.
Натпреварот против конкурентот за Прва лига заврши без голови – 0:0, а клубот ќе донира 31.000 денари од продадените влезници.
Ова беше прв потег на луѓето од новото раководство, кои во моментов работат на преземање на менаџерската палка во клубот, а потоа и враќање на Победа на старите победнички патеки.
Во деновите кои следат Маркукуле ќе ги објави имињата на новиот извршен директор, новите членови на управниот одбор и денот кога официјално ќе се изврши преземањето на клубот.