И Осогово не попушти во Прилеп: Победа маки мачи за 3 бода на секој натпревар

Попладнево на стадиопнот на Могилата во натпревар од 6-тото коло на Втората лига-Исток фудбалерите на Победа одиграа 1-1 со тимот на Осогово од Кочани. По ремито со Плачковица во 4-то коло ова е втор домашен нерешен резултат на црвено-белите со што се пропуштени две шанси односно загубени се 4 бодови на свој терен против екипи директни конкуренти а со кои бодови екипата ќе беше во врвот на табелата.

И попладнево избраниците на тренерот Дарко Крстески одиграа неубедлив натпревар со голем број грешки против искусен противник кој знаеше и умешно играше на резултат задржувајќи драгоцено време со безброј превиткувања на теренот.

Убедливо најмладиот тим во лигата-Победа, со 7 младинци (играчи до 21-а година) во почетниот состав, добро го започна мечот и поведе со 1-0 во 13-тата минута со убавиот гол на Ангелески, по неговиот силен и прецизен удар под пречка откосо. Само неколку минути подоцна се чини шансата на мечот за победа ја пропушти првиот стрелец на екипата Димоски кој сам околу пеналтикот биеше непрецизно крај голот на Велковски.

Се чини овој неискористен зицер за водство од 2-0 и многу помирен меч во продолжение, како да донесе пресврт во односот на силите на теренот. Гостите за кратко време создадоа неколку убави прилики кои не ги искористија Манов и Недановски(спаси Петкоски), за по едено невнимание на домашната одбрана проигран од Иванов најдобриот гостински играч Велинов во 23-тата минута да израмни на 1-1, и се покажа со тоа го постави конечниот резултат на натпреварот. До одморот немаше некои возбудувања, со исклучок на полушансата на Димоски во 44-тата минута кога со глава биеше над голот.

Вториот дел донесе игра без возбудувања и шанси и уште побледо издание на домаќините. Играјќи со помош на ветерот инсистираа на долги топки по десната страна за нововлезениот Бошески, но главно тоа беа пресилни топки кои беа лесен плен за гостинската одбрана, со исклучок на една –две ситуации кога по негов центаршут изостана адекватна завршница во гостинскиот казнен простор.

И покрај замените во домашниот тим Победа и покрај фактот дека од 66-тата минута и со играч повеќе (по исклучувањето поради два жолти картони на Дончев) победашите не успеаа ниту еднаш посериозно да се заканат на гостинскиот состав кој умешно го чуваше времето и на крајот освои драгоцен бод во Прилеп.

Победа: Котевски, С. Спиркоски(од 46 мин Бошески), Белески, Петкоски, Колевски (од 57 мин Стомнароски), Дебрешлиоски (од 81 мин Илијоски-Кисески), Ангелески, Јошески(од 46 мин Митрески), Алимоски (од 81 мин Ф. Спиркоски) и Димоски.

Резултати 6 коло: Победа-Осогово 1-1, Кит Го- Брегалница 0-1, Слога Виница-Тиквеш 1-3, Росоман-Кожуф 1-2 и Саса-Плачковица 1-0..

Табела: Тиквеш и и Брегалница по 14, Кожуф 11, Победа и Слога Виница по 8, Росоман 7, Саса 6, Кит-Го 5, и Плачковица и Осогово по 4 бодда.

Во следното 7-мо коло во сабота на 10-тти октомври ќе играат: Тиквеш -Победа, Брегалница-Слога Виница, Кожуф-Саса, Плачковица- Кит Го и Осогово-Росоман.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.