И’ однесол пратка и разговарал со една од најголемите холивудски ѕвезди: Прилепчанец раскажува за животот во британската престолнина

Инженер е по сточарство, но нашиот сограѓанин Влатко Аврамоски одбрал друга професија во една од најважните светски метрополи – Лондон. Авантуристичкиот дух, желбата да патува и истражува го навеле да биде возач-дистрибутер. Секојдневно се среќава со безброј луѓе, меѓу нив и со големи ѕвезди, од најбогатиот слој – пишува во најновиот број неделниот весник “Зенит”

-Носевме пакет кај Хелен Мирен, прочуената глумица. Игра во ,,Џемс Бонд 007,, во последниот циклус филмови. Возев до ,,Клапам Комон,,, најбогатиот дел од Лондон. Ѕвонам, со мисла некој од послугата ќе се појави. Вратата се отвора и – излегува таа! Паметам, број 11 беше. ,,О, Хелен Мирен!,, – извикав. ,,Јес,,. Не можев да верувам. Многу комуникативна. Се смее. ,,Имате порачка,,? Ова е за Вас,,. И врачувам. ,,Тенкју, вери мач,,. Најљубезно се заблагодари и го зеде пакетот. И кажав на сестра ми, а таа со право ми забележа оти не сум се сликал. Момент беше и не се сетив да направам фотка со големата ѕвезда. Колку да е богата, милијардерка, и таа како и обичните луѓе има потреба од порачки. Можеби козметика или слично нешто беше во пакетчето завиткано – раскажува Аврамоски.

Веќе пет години е во британската престолнина, каде оди по повик од сестра му Валентина, која таму повеќе од две децении живее со сопругот Александар и децата Ивана и Предраг. Нивна е компанијата за дистрибуција на разни материјали, производи по порачки, весници, списанија, реклами… Доставата е низ цела Велика Британија: Лондон, па Глазгов, Бирмингем, Манчестер, Нотингем, Ливерпул, Кардиф…

-Некогаш остануваме и преноќеваме во друг град, во хотел. Со мене возам уште двајца или тројца. Работата е динамична, интересна. Ме исполнува. Ми причинува задоволство. Нема град или село што не сум ги посетил овие пет години – вели Влатко.

Многу работа, малку одмор. Тоа е ритамот на Островот. А каде во тоа кусо време од викендите? Во земјата со најдобар фудбал во светот – тоа е како порачано за прилепчанецот. И за Влатко фудбалот е спорт што најмногу го интересира. Што друго да сака човек од најфудбалскиот град, од дете навивач на Победа. Од некогашна Југославија па до ден-денес в срце го носи сплитски Хајдук. Сега е симпартизер на два тима од Премиер лигата, Манчестер јунајтед од сите англиски екипи, Тотенхем од лондонските.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.