Се известуваат сите верници дека по повод христијанскиот празник Богојавление (Водици), чинот на Големиот Богојавленски водосвет и фрлањето на светиот Крст ќе се изврши во водите на базенот при хотелот Салида (Аквапарк), на 19 јануари (недела) со почеток во 12:00 часот – информираат од општина Прилеп.
-Пријавувањето за учесниците ќе биде во Општина Прилеп (во приемно одделение), задолжително со копија од лична карта, на 15. и 16. јануари (среда и четврток) од 09:00 до 15:00 часот – стои во соопштението на општината.