И оваа година заедничко празнување на Василица со греано вино, чај и бурек во центарот на Прилеп

Со бурек, греано вино и топол чај, и оваа година, трет пат по ред, на православниот христијански празник Св.Василиј, а во организација на општина Прилеп, ќе се одржи манифестацијата „На Василица во Прилеп“.

За таа цел општината упатува покана до сите граѓани на ден 14.01.2023 (вторник), во 12 часот заедно да го одбележиме доаѓањето на православната Нова година на платото пред Градскиот Саат.

-Дојдете заедно да го одбележиме доаѓањето на Новата Година според јулијанскиот календар! За секој посетител ќе има парче бурек, а една среќна паричка ќе го најде својот сопственик – велат од општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.