И на 40 години лeбди во воздyxoт: Лазapoв е македонcка мaшинa (Фото)

Неодамна наполни 40 години и се’ уште ги тресе противничките мрежи

Нант се подготвува за новата сезона, вчера на пријателски натпревар го совлада Сесон Рен 38-28, Кирил Лазаров во победата учествуваше со 2 гола од 3 шута.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација објави фото на Инстаграм, Лазаров едноставно „лебди во воздух“.

Лазаров пред една недела за француската национална телевизија, „Франс 3″, истакна дека ова веројатно ќе биде неговата последна сезона како ракометар.

“Одлучив во главата дека ова веројатно ќе биде моја последна сезона како ракометар. Но, ќе ја донесам дефинитивната одлука во јануари и февруари. Ако мојата глава рече дека е доста, тогаш доста е. Но, одлично се чувствувам и спремен сум” – се зборовите на нашиот најдобар ракометар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.