И Мустафи леташе орли денеска за Арсенал: Постигна гол па го направи двоглавиот орел (ВИДЕО)

Арсенал денеска победи на гостински терен кај Кардиф со резултат 2:3, а водечкиот гол за 0:1 го постигна германскиот интернационалец Шкодран Мустафи.

Она што предизвика вимание беше начинот на прослава на Мустафи кој направи двоглав орел со рацете, нешто за што на Светското првенство во Русија беа казнети “Швајцарците” Шакири и Џака.

Токму на корнерот кој го изведе Џака, Мустафи беше највисок во скокот и со глава ја спроведе топката во мрежата на Кардиф.

Светските фудбалски медиуми веднаш напишаа дека според правилата истакнувањето на политички пораки носат казна, па Мустафи би можел да биде казнет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.