И младо и старо трчаше синоќа во Прилеп за малиот Никодим Мидоски! (ФОТО)

Како дел од програмата за одбележува на Денот на ослободувањето на Прилеп, 3 Ноември, во организација на општина Прилеп се одржа ноќна трка на 5 километри која имаше хуманитарна цел.

Трката започна пред Реклами, а голем број млади и возрасни прилепчани зедоја учество и трчаа за малиот Никодим Мидоски.

Котизацијата за трката изнесуваше 200 денари, а парите ќе бидат наменети за лекување на 3,5 годишното ангелче од Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.