Претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски, преку социјалните мрежи покрена иницијатива за поддршка на Зоран Заев. Костовски апелира до сите социјалдемократи во државата за безрезервна поддршка за Заев да остане на лидерската позиција во СДСМ
„Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ“, апелира Костовски.
Останува да видиме дали и останатите претседатели на општински организации ќе го поддржат Заев. Во Прилеп претседател на ОО СДСМ беше актуелниот пратеник Миле Талевски, под чие водство партијата загуби со 7.600 гласа разлика во првиот изборен круг на локалните избори.