И магнетчиња за на фрижидер донеси од Париз

Јас идниот месец одам во Париз каде со францускиот колега ќе потпишам договор за купување систем за ПВО одбрана – истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во “Тема на денот” во дневникот на Сител ТВ.

Тенковите кои се дел од трите одлуки за донација на воена помош и вооружување за Украина се транспортирани и со нивната донација не се нарушува борбената готовност на нашата Армија, информира вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа, во Тема на денот на ТВ „Сител“, изјави дека Министерството досега од почетокот на агресијата врз Украина донесе три политички одлуки во Владата што се уште се класифицирани заради безбедносни прашања, меѓутоа многу скоро, на предлог на министерката ќе бидат декласифицирани и во соодветна форма ќе и биде соопштено на јавноста што точно е тоа што сме го донирале.

Петровска рече дека се работи за трета генерација неперспективна опрема, која за кусо време ќе требаше да биде предмет на уништување.

Појаснувајќи зошто се класифицирани, Петровска рече дека на почетокот сите земји кои донираа објавуваа транспарентно, но потоа следувала замолница тоа да не биде толку транспарентно поради безбедносни причини.

– Кога ќе ја донесете одлуката и кога ќе ја дадете содржината што се донирате потоа следи процесот на транспорт на таа опрема. И тоа се разбира може во вакви околности да претставува и безбедносен ризик. Тоа е единствената причина заради која што сметавме дека во тој момент, рече Петровска.

Министерката појаснувајќи зошто донацијата не влијае на нашата Армија, нагласи дека во процесот на пристапување на нашата држава во НАТО правени се многубројни планови во однос на тоа каква ќе биде структурата на нашата Армија, но и за тоа што значи борбена готовност на нашата Армија и каков вид на вооружување ние треба да поседуваме.

Во тие планови, како што додаде, е предвидено точно кои капацитети ние ќе ги развиваме и во таа насока се направени и сите останати планови за модернизација на Армијата, но и долгорочниот план за развој на одбранбените способности.

– Не треба да заборавиме дека откако сме земја членка на НАТО нашата безбедност ја делиме заедно со останатите земји членки и ние сме дел од колективниот систем на безбедност, заклучи Петровска.

Одговарајќи на прашање, Петровска најави дека ќе се набавуваат нови хеликоптери со западна патформа кои се мултифукционални и тоа е на линија на плановите за развој на одбранбените способности и капацитети на нашата Армија. Дополни дека освен оние шест оклопни возила кои беа испорачани во земјава, очекуваат испорака на уште 27 такви возила.

– Во поглед на набавката на сисемот за противвоздушна одбрана, договорот е веќе финализиран, јас на почетокот на септември ќе одам во Париз на еднодневна посета и каде заедно со министерот за одбрана на Франција ќе го потпишеме овој договор. Останатите договори се во понапредна фаза, рече Петровска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.