И Левица вечер пред Влада: Нема повеќе конструктивност, изјавите на Заев се фашиcтички

Соопштение на политичката партија Левица

“Националното предавство на СДСМ е логична последица на претходно покрадениот народен имот од страна на крупните сопственици како финансиери на оваа партија. Кооперативноста со фашистичките сили е само нивно прибежиште пред налетот на работниците во одбрана на својата татковина.

Нема повеќе потреба конструктивно да се укажува и расправа за тоа, зошто и како изјавите на премиерот Зоран Заев се погрешни, ревизионистички па дури и фашистички, како рехабилитација на оваа империјалистичка идеологија. .

Досега ниту еден политичар во 30 – годишната историја на независна Македонија, не “успеал” на овој начин, како Заев, да ги собере сите можни црнила на македонската политика во себе. Ваквата циркус-политика достигна ново дно. Започнувајќи со распродавање на националните економски капацитети, на македонската политичка елита, сега при нивното слугување на странските империјалистички сили, единствено и’ останува да ги распродаде националните обележја, па дури и да тргува со историските факти поврзани со оваа нација.

Една од првите задачи на идната народна власт е, прво да стави крај на овој процес, а потоа и да направи пресврт и да се придвижи во вистинската насока до целосно ослободување на државата, притоа казнувајќи ги сите кои Македонија ја довеле до оваа положба. Нашата задача пак, задачата на Левица, е да бидеме таква власт.

Левица го поддржува народниот револт и нашето раководство заедно со поширокото членство, ќе бидат присутни на вечерашните антивладини протести.

СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ! СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.