СДСМ започна предизборна кампања на грбот на здравјето на македонските граѓани. И медицинските маски си добија партиска припадност
Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска се пофали со кампања на својот Фејсбук профил, каде без носење на нараквици дели флаери и заштитни маски со партиска ознака.
Дали СДСМ со ова свесно го изложува на ризик здравјето на граѓаните?
Без ракавици се делат маски на постари граѓани, а се прави претстава дека со тоа се грижат за нив.
На социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои може да се види дека се создаваат и гужви иако тоа е забрането.