Како што пишува магазинот „Life & Style” поранешниот сопруг на Џенифер Анистор, 46 годишниот актер Џастин Теру е во љубовна врска со познатата пејачка Селена Гомез.
Извор близок до парот открива дека Селена и Џастин се знаат долги години преку заедничкиот менаџер, но сега целосно луди еден за друг.
Иако разликата меѓу нив е скоро 20 години, тие најмногу се поврзале поради неодамнешните љубовни бродоломи низ кои поминаа.
Гомез во март месец ја раскина емотивната врска со пејачот Џастин Бибер, додека Теру заедно со Анистон издадоа заедничко соопштение за разводот.
„Во моментот, тие еден од друг добиваат вистинска емотивна поддршка со оглед на тоа дека поминаа низ тежок период“ – објаснува изворот.
„Долго се допишуваат навечер и имаат интимни разговори во кои ги планираат своите наредни потези во животот, како и целите во кариерата, изјави изворот и додава дека се многу искрени и отворени еден спрема друг.
Пријателите ги предупредуваат дека тоа е голема грешка бидејќи Џенифер добра пријателка со Селена.
„Џен веќе е бесна поради нивните заеднички излегувања и се чувствува изневерено бидејќи беше уверена дека Селена и е пријателка и ова нема да го прости“ – тврдат пријателите на холивудската актерка.