И денес протест на матичните лекари, се примаат само итни пациенти

Протестот на матичните лекари продолжува и денеска. Причина за протестот како што наведуваат од Здружението на приватни лекари е неисполнети барања, меѓу кои е зголемување на капитациониот бод, со што ќе се зголемат средствата што ги добиваат лекарите за пациентите што ги водат. За време на протестот тие не издаваат упати и не прегледуваат, примаат само итни пациенти.

Претходно, министерот за здравство Беким Сали изјави дека не го поддржува протесот.

-Преземавме мерки навремено, ги информиравме пациентите. Немало проблеми и немало реакции од пациентите. Ги услужуваме колку што можеме – изјави д-р Лилија Чолакова – Дервишова, претседателката на Здружението на приватни лекари.

Таа информира дека имале многу средби со министерот за здравство, Беким Сали, но без решенија.

-Очекуваме многу и сакаме многу нешта да промениме со него. Што се однесува до колегите што не нѐ подржаа, тоа е многу мала бројка, на една рака се бројат. Не сакам да коментирам ставови на други здруженија, но нашето здружение 30 години функционира и се бориме со сите досега – рече Дервишова-Чолакова за Дневникот на Сител ТВ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.