Одложено е доаѓањето на вакцините против Koвид-19 од Србија, кое требаше да се случи на граничниот премин Табановце.
Одложувањето е заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, а вакцините ќе бидат предадени во наредните денови, соопшти Владата.
Беше најавено дека на граничниот премин Табановце српскиот претседател Александар Вучиќ на 11 февруари ќе му ја предаде на премиерот Зоран Заев првата пратка вакцини против Koвид-19.
Станува збор за пратката од 8.000 вакцини на „Фајзер“, за кои Заев пред нецел месец кажа дека ќе стигнат како помош од Србија, по телефонскиот разговор со Вучиќ.