И денеска претпладне се уште ќе има врнежи од дожд, а преку целиот ден ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе услови значително пониски дневни температури, информира УХМР.
Минималните температури ќе се движат од осум до 17, а максималните од 13 до 21 степен.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и суво, со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.