И денеска во 19 пред Влада: Народот не попушта, власта да се опамети

Протестот против францускиот предлог „Ултиматум, не благодарам“ продолжува и денеска пред Владата во 19 часот.

Како што е најавено, граѓаните нема да протестираат само пред Владата, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Голем број граѓани и вчера присуствуваа на сенародниот протест кој одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“.

Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.

Покрај масовните протести пред Владата изминативе денови, социјалните мрежи се преполни со коментари со кои се бара отфрлување на францускиот предлог. Во коментарите се вели политичарите да се освестат бидејќи народот страда и има болка во душата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.