И Дарко Филиповиќ ќе пее во Прилеп за ВИКТОР! Прилеп град херој, а сега и град на хуманоста!

Град херој, а сега и ГРАД ХУМАНИСТ! Прилепчани во еден ден се обединија за 26-годишниот ВИКТОР НИКОЛОСКИ, наш сограѓанин кому неодамна му е дијагностициран тумор на главата.

Кафулиња, ресторани, невладини организации…. веќе најавија низа настани и концерти. Потребни се 73.000 евра за Виктор итно да замине на лекување во Турција.

И големата балканска ѕвезда, Дарко Филиповиќ ќе пее во ресторан “Деспина” во Прилеп за Виктор.

Друштво ќе му прават естрадните изведувачи: Елена Јовческа, Париз Париз, “Тренд Бенд”, “Леонид Бенд” и “Алтернатор Бенд”.

Настанот е закажан за петок, 31.01.2024, со почеток од 20 часот. Цената на влезниците е 300 денари, а сите средства од продадените влезници и половина од прометот таа вечер, ресторан “Деспина” ќе го донира за лекувањето на Виктор.

ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ! ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.