“И Градоначалникот загрижен за владината мерка во најава?”

Граѓаните кои ќе внесат или увезат нови или употребувани возила, мотоцикли и четирицикли од 1 ноемрви годинава ќе треба да платат и данок за моторни возила. Ова го предвидува нацртот на Предлог законот за данок на моторни возила, што пред три дена е објавен на Националниот електронски регистер на прописи (ЕНЕР).

Според него предвидено е данокот да се пресметува според европските практики и стандарди и тоа покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар.

–Данокот на моторните возила се пресметува врз основа на податокот за износот на просечната емисијата на јаглерод диоксид – CO2 изразен во грам по километар, податокот за износот на 1 грам јаглерод диоксид – CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото искажан во денари, податокот за продажната вредност на возилото без вклучен данок на додадена вредност или при увоз податокот за царинската вредност на возилото утврдена согласно царинските прописи и податокот за износот на царината искажани во евра во денарска противредност, како и податокот за износот на процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија – стои во нацрт текстот на законот објавен на ЕНЕР.

При увоз на моторни возила, данокот на моторни возила го пресметува и наплатува надлежниот царински орган, додека Владата со Уредба го утврдува начинот на пресметка на данокот на моторни возила.

Веста на својот Фејсбук профил ја сподели и градоначалникот на општина Прилеп од редовите на СДСМ, Илија Јованоски.

Па се поставува прашањето, дали и Јованоски е загрижен поради оваа нова давачка во најава?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.