На летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп викендов се одржува деветтото издание на Прилеп „Џез викенд“.
Со почитување на мерките за заштита на здравјето од кopoнавиpycoт и со ограничен број на посетители, но со желба да се одржи оваа прекрасна традиција која започна пред 9 години.
Синоќа на втората фестивалска вечер, на програмата беше промоција на книга: “Press & Play” од Ненад Георгиевски, како и настап на Оливер Јосифовски Квартет/Светлост.
Вечерва на последната фестивалска вечер свои настапи ќе имаат: Next To Silence и Bernays Propaganda.
Настапите од синоќа можете да ги проследите ТУКА