Во текот на изминатата вечер (03/04.06), во периодот од 22.00 до 05.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 17 возачи, од кои седуммина на подрачјето на градот Битола, исто толку во Прилеп и по еден возач во Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.
Во текот на контролите дополнително биле санкционирани и осум возачи за други прекршоци од областа на сообраќајот – информираат од СВР Битола.