И голманот на македонската ракометна репрезентација Благојче Трајкоски се приклучи кон граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“. Трајкоски е само еден од многуте познати спортисти, актери и други јавни личности кои застанаа во одбрана и поддршка на унитарна Македонија и отфрлање на Тиранската плaтформа. Тие се дел од стотината илјади граѓани секој ден мирно маршираат за мултиеничка Македонија, а не за бинационална и двојазична држава.
Инаку денеска во Прилеп, како и во повеќе други македонски градови, зад граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ застанаа и 100-тина велосипедисти кои низ прилепските улици симболично ја извозија патеката на државноста. Настанот започна во 12 часот пред споменикот „Прилепски бранители” кај хотел „Липа”.
Од граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ истакнаа дека од утре продолжуваат со своите активности.