И Битола доби заменик министер! Вредната Викторија Трајков

Собранието на вчерашната седница ги потврди замениците министри во новата Влада на премиерот Мицкоски.

Покрај двајца прилепчани, меѓу заменичките мнистерски места се најде и Доц. д-р Викторија Трајков, која е избрана за Заменик министер во Министерството за европски прашања.

Родена е на 28. ноември 1985година.

Трајков завршила на Универзитетот Св. “Климент Охридски” во Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки.

Доц. д-р Викторија Трајков е истражувач од областа на економските науки со специјалност маркетинг и брендирање.

Има напишано повеќе трудови поврзани со брендирање на државите, политички маркетинг, меѓународна промоција на државата како и економска, културната и јавна дипломатија.

Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје.

Таа е и поранешен новинар. Од 2000 до 2007 година работела во локалната телевизија ТВ “Орбис”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.