Изминатиов викенд, во саботата, во Тирана Албанија се одржа професионална боксерска ревија во организација на Албанската боксерска федерација и Арена бокс промоција.
Настанот беше насловен како “Аrena Boxing Night”, а во рамките на истиот се одржаа 6 професионални мечеви.
Во втората борба на вечерта настапи нашиот боксер, прилепчанецот Ице Трајкоски, кој се бореше против Јорго Гонај од Албанија.
Ице уште на самиот почеток на рундата боксуваше смирено и задаваше контра удари, а пресуден беше задниот директ во брадата на Јорго.
Со технички нокаут во првата рунда Ице Трајкоски заслужено издвојува атрактивна победа.
На овој настан судеше и нашиот судија Ѓорѓи Чатлески, а покрај него правдата ја дела и судии од Албанија, Косово и Србија.
Нашиот боксер беше предводен од боксерскиот мајстор во Прилеп, Дарко Чатлески.
Во продолжение погледнете го последниот удар на Трајкоски: