ИТНО! Родители апелираат: “Преземете нешто, здравјето на нашите деца е во прашање”

До нашата редакција пристигна фотографија од загрижен родител на ученик во основното училиште “Гоце Делчев” – Прилеп, на која се гледа во каква состојба се наоѓаат санитарните јазли во оваа образовна институција.

Искршени плочки, дотраени санитарии, а оној кој влегол тврди дека често од таму се шири непријатна миризба.

Целта е да се апелира и надлежните под итно нешто да преземат за ваквата состојба да не се одрази врз здравјето на учениците.

Не е во ред во 21 век учениците да ги извршуваат своите хигиенски и физиолошки потреби во вакви услови.

Во дворот на ова училиште веќе неколку месеци уништена стои и балон салата која пред неполни две години беше поставена за збогатување на просторот за спортување.

Сега веќе ни секундарно не ја лепи – Балон салата во ООУ “Гоце Делчев” скапа поради негрижа (ФОТО)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.