Итно пренесен во прилепската болница: 51-годишник тешко повреден откако со автомобил излетал од патот Крушеани-Обршани

-На 14.02.2025 во 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Р512 од с.Крушеани кон с.Обршани, прилепско, патничко моторно возило „фиат” со крушевски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(51) од с.Кривогаштани, излетало од коловозот. Ж.Н. е пренесен во Општа болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.