Урсула фон дер Лејен вели дека ЕУ и покрај почетната неподготвеност, во претходните 4 недели направи повеќе отколку првите четири години на претходната криза.
Таа во обраќањето во Европскиот парламент повика за итно воспоставување на “Маршаловиот план за Европа” и тоа првенствено низ ЕУ буџетот.
Урсула во својот говор изрази сочувство за десетиците илјади жpтви на кopoнавиpycoт во Европа. Таа оцени дека во почетокот на пандемиjaта ЕУ не и пружила благовремена помош на Италија која во тој момент и беше многу потребна.
“Точно е дека никој не беше подготвен за ова. Вистина е и дека премногу се каснеше кога на Италија и беше потребна помош на почетокот од кризата. И поради тоа е важно Европа да упати искрено извинување”, рече Фон дер Лајен.