Една од најсилните лиги во Европа многу веројатно целосно ќе се модернизира.
Фудбалскиот сојуз на Италија одлучил од наредната сезона да воведе видео гол технологија на утакмиците од Сериа А.
Од сојузот потврдуваат дека испратиле барање до ФИФА, и дека чекаат на одобрување.
Оваа технологија би требало веќе да се применува во германската Бундеслига и американската МЛС лига.
Прв пат е применета на пријателскиот меч помеѓу Италија и Франција во Бари, како и на Светското првенство во фудбал.
Технологијата треба да им помогне на судиите во донесувањето на вистинските одлуки за досудување пенал, црвен картон или гол.
А.Г.