Италијанска делегација во посета на “Детската Амбасада за Сите Деца во Светот”

IMG_9298

Денес Детската Амбасада за Сите Деца во Светот ја посети делегација од пријателската Република Италија. Делегацијата е составена од професори кои што предаваат во основните и средните училишта во Италија, а имаат за цел да посетат формално и неформално образование во Општина Прилеп, да се запознаат со работата и да разменат искуства.
IMG_9300
На средбата гостите беа запознати со работењето на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, со своите реализирани и идни проекти, како и со Центарот за Дипломатија, Фондот за Деца на Загинати бранители, но и со Детскиот Едукативен Центар „4ти Јули“ , кој оваа година полни 15 години од своето успешно работење. Присуствуваа на час по Англиски јазик и се запознаа со работата на едукаторот Благојче Николоски, но и се вклучија во работењето заедно со децата. Извршниот Директор, г-ѓа Александра Северкоска Стојаноски, им ја презентираше програмата за работа на тековната година, каде што најмногу ги интересираше Проектот „Градење мостови на пријателство“ кој во 2015 година ја посети Република Италија и Светата Столица – Ватикан.
IMG_9311
– Нашите гости беа запознати со реализираните проекти во ова 20 годишно работење, но и со идните проекти кои ќе се реализираат во иднина, а преку Детскиот Едукативен Центар „4ти Јули“ се запознаа со работата на едно неформално образование кое успешно работи 15 години. На гостите му беше презентиран и меморандум за соработка, кој предвидува градење на мостови помеѓу двата пријателски народи со цел на продлабочување на оваа соработка која е од голем интерес за нашиот најброен народ – децата.
IMG_9308




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.