Џолин Изи на Фејсбук сподели трик за чистење на рѓата од купатилото на многу едноставен начин.
“Само што се вселив во преубава куќа, но тушот и шипката беа целосно зарѓани. Решив да пробам трик со кечап и фолија и останав без текст. Единствениот проблем е во тоа што воопшто не верував во овој трик, па не го сликав xopoрот во купатилото пред моето чистење”, вели таа.
Се што треба да направите е металната површина да ја намачкате добро со кечап, да оставите така пет минути и потоа да ја истриете со фолија.
Овој трик функционира бидејќи речиси секој бренд на кечап содржи киселина во доволно блага количина да може да ја отстрани рѓата и да не ја оштети површината.