Троскот, шамак, коприва и висока трева се исчистени на проблематичните делови од градската река. Чистењето на дел од реката „Оревоечка“ во должина од 350 метри, го овозможи протокот на патот од Маркова Чешма кон Поводеници да стане прооден.
За овој потег, на терен работеа екипите од Водостопанство „Прилепско Поле“, посочи директорката Гордана Тошеска која исто така посочи дека со чистење на овој дел од Градска река ќе се овозможи не поплавување на викендиците и обработливите површини на земјоделците во овој реон.
Водостопанство „Прилепско Поле“ ќе продолжи со тековно чистење на каналите и речните корита кој се однесува на прилепскиот регион.