Исчезнато е возрасно лице од Прилеп – СЕМЕЈСТВОТО БАРА ПОМОШ!

За кратко време исчезнато уште едно возрасно лице во Прилеп. На социјалните мрежи од синоќа се споделува информација за исчезнат возрасен маж, кој за кого од семејството информираат дека е со бела коса и бела брада, а на себе носи маица во сива боја со кратки ракави, влечки и кремови долги фармерки.

Според информацијата, лицето последно било видено вчера.

Семејството бара помош и замолува секој кој ќе го забележи лицето да ги контактира на телефонските броеви: 079 213 – 053 или 076 995 586.

Пред извесно време за исчезнат беше пријавен и Т.J, кој потоа успешно беше пронајден жив и во добра здравствена состојба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.