Едно глобално истражување ја покажува подготвеноста на европските народи да војуваат, да ја бранат, па дури ако треба да загинат за својата татковина.
Според ова истражување, најспремни да загинат за својата држава се Турците и Финците, а тука се и Русите, Украинците и Швеѓаните.
Најмалку спремни за војување се Холанѓаните и Германците, како и граѓаните на Белгија.
Само 38% од Македонците се спремни да ја бранат и да загинат за државата, а во нашето опкружување предничат Грците со 54%, Србите со 46% и Босанците со 55%, додека Косоварите со 58% предничат на Балканот.
А.Г.