Руски научници откриле наночестички кои ги уништуваат ќелиите на ракот, пренесуваат руските медиуми.
Членовите на истражувачките тимови од два руски и еден американски универзитет, извршиле експеримент во кој наночестичките предизвикуваат смрт на ќелиите на ракот така што ги уништуваат нивните мембрани.
Научниците претставиле нов начин на лечење на ракот кој се базира на наночестички кои предизвикуваат поголема штета на ќелиите на ракот од стандардните процедури на лечење.
Овие наночестички може да делуваат и на ќелии кои се отпорни на лекови, пренесува “Спутник”.
Ф.Г.