“Историско-национален потег: ВМРО-ДПМНЕ го напушти Собранието на Македонија” (ВИДЕО)

Претениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија Собранието после гласањето на мнозинството за донесување на Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, по скратена постапка, кој како единствена точка беше на денешната седница.

Зад овој Закон се крие Договорот помеѓу Македонија и Грција за преименување на државата.

69 пратеници гласаа “ЗА”, а 40 беа против ваквото донесување на овој Закон.

На говорницата координаторот на пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев рече дека по којзнае кој пат е злоупотребено европското знаменце и деловничката процедура од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Данев нагласи и дека договорот со Грција е капитулантски за Македонија.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ подоцна ја напушти работата на Собранието, а одлуката преку прес конференција ја соопшти пратеникот Антонио Милошоски.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.