Споменикот на Александар Македонски во Прилеп на кој денеска беше поставена табла дека припаѓа на Хеленската култура согласно Преспанскиот договор со Грција, е поставен во 2006 година.
Прилеп, во 2006-тата година беше првиот град во земјава каде беше поставен споменик на големиот македонски војсководец Александар Македонски, кој сега, ете, според Преспанскиот договор треба да признаеме дека тој не бил Македонец, туку бил „историска фигура од античката Хеленска историја и цивилизација и дел од светското културно-историско наследство“?!
Инаку, Сонцето од Вергина освен што го има на штитот кој во рацете го држи Александар Македонски, го има и на платото под постаментот од Споменикот во Прилеп, кој пак, е донација од американскиот бизнисмен со прилепско потекло, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, а изработен од познатиот скулптор, исто така од Прилеп, Жарко Башески.
Донаторот на Споменикот, бизнисменот Атанасоски, своевремено изјави дека „Само Сонцето е постаро од Македонија“
Во таа 2006-та година, честа да го откријат споменикот ја имаа донаторот Ѓорѓија -Џорџ Атанасоски и тогашниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото откривање на споменикот беше присутен и Никола Груевски, тогашен премиер на Владата на Република Македонија со своите соработници, како и голем број други видни личности од општествено-политичкиот, научниот и културниот живот на Македонија.
Во чест на подигнувањето на споменикот градоначалникот Марјан Ристески, меѓу другото рече: „Градот под Марковите кули, од овој момент е и градот на Александар Македонски. За овој великан, изминативе години, како историска личност, човек и војсководец се напишани многу текстови, снимени се многу филмови, се дебатирало безброј пати, но само донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и Прилеп направија нешто што ќе биде незаборавно грандиозен споменик на Александар Македонски.