Истекува продолжениот рок за легализација на дивоградбите. Имено на 11.11.2015, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, истакна дека претходниот рок се продолжува со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните.
Сите граѓани кои не поднеле барање за легализација на дивоградба, тоа можат да го сторат најдоцна до крајот на месецот, односно заклучно со 31.03.2016год. Притоа услов е објектот кој е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година.
Исто така за оние граѓани кои имаат поднесено барање за легализација, геодетските елаборати можат да ги достават до 31 декември 2016 година. Претходниот рок за поднесување на елаборатите беше до 31 декември 2015година. Оваа измена е направена со цел на граѓаните да им се остави простор да имаат време за достава на елаборатите кои се клучен документ во процесот на легализација, а на геодетските фирми им се овозможи полесно да ја вршат работата бидејќи со минатиот рок немаа доволно време да ги изработат сите поднесени барања.
А.Г.