Оваа вест долго се криела и била најголема тајна како на Ватикан, така и СФРЈ, но конечно исплива на површина.
Според наводите на италијанските медиуми желбата на Јосип Броз Тито била да умре во католичкиот дел на Југославија, а тоа и се остварило. Тито починал во Љубљана, а таму во тајност пилигринските свештеници го одржале посмртниот обред, пред да биде пренесен во Белград.
Ова шокантно тврдење е изнесено во публикации објавени главно од српската дијаспора за време на постоењето на СФРЈ.
Неколку години покасно се открило дека ова е нешто повеќе од теорија на заговор, со оглед на тоа дека во историските архиви се пронајдени разни документи за тајните контакти на Тито и ватиканските емисари, за кои не знаеле дури и најблиските соработници, ниту пак дипломатите во Рим.
За влегувањето на Јосип Броз во тајното друштво, заслужен е, како што пренесуваат изворите, фратарот Крунослав Драгановиќ, близок соработник на Анте Павелиќ.
Судејќи по архивите кои ги сочувал белградскиот публицист Пеџа Радосављевиќ, но кои ги истражувал и прикажал во книгата “Односи меѓу Југославија и Светата столица 1963-1978”, интензивна тајна дипломатија се одвивала во тие 15 години.
Се претпоставува дека во тој период Броз повеќе пати се состанал со папата Павле VI, но единствена официјално забележана средба е онаа од 29 март 1971 година, по официјалното воспоставување на дипломатските односи прекинати во 1952 година.