Испливаа податоци на повеќе од 540 милиони корисници на Фејсбук: Секој кој ја посетил оваа страница, бил на мета

Детални информации за повеќе од 540 милиони корисници на Фејсбук со месеци биле јавно видливи, покажала истрагата на компанијата задолжена за безбедност на интернет.

Компанијата Апгард за време на рутинската контрола открила големо складиште на податоци на необезбеден сервер на Амазон кој го користиела една мексиканска фирма за социјални мрежи.

Најголемиот дел од информациите кои содржеле имиња, коментари, реакции и идентификациони броеви, биле за посетителите на страницата „Култура колектива“ (Cultura Colectiva).

Таа страница соопштила дека податоците се собрани од интеракција со корисниците.

ПШриватните податоци како што се меил адреси и лосинки не биле на споменатиот серве, бидејќи Култура колектива нема пристап до таквите информации за корисниците.

Фејсбук соопшти дека неговите правила не дозволуваат податоците од социјалната мрежа да се чуваат во јавно достапните бази.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.